15 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVivo ќе претстави фаблет со исклучителни карактеристики

Vivo ќе претстави фаблет со исклучителни карактеристики

vivoo 003

Кинескиот производител на смартфони „Vivo“ објави фотографија од претстојниот модел „X6“, кој се очекува да е со технологија на екранот „Force Touch“, слична на онаа на моделот „iPhone 6S“.

Од компанијата ветија дека новиот модел ќе е попродуктивен од американскиот конкурент, така што ќе располага со 4 GB RAM меморија. Кон тоа количество ќе биде додаден одделно 1 GB RAM меморија, која ќе е наменета само за графичките операции, со што вкупниот износ на меморијата е 5 GB.

vivoo 004

Екранот се очекува да е со големина од 6 инчи и „QHD“ резолуција. Другите карактеристични предности на уредот ќе се 21-мегапикселната камера и батеријата со капацитет од 4.000 mAh.

Ветувањето на производителот е дека со новиот модел корисниците ќе можат да отвораат голем број на апликации, без тоа да влијае врз продуктивноста на уредот.

Смартфонот ќе биде претставен во неколку бои, меѓу кои златна и розова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП