27 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHyundai го претстави својот премиум-бренд

Hyundai го претстави својот премиум-бренд

genesis 000

Компанијата „Hyundai“ официјално го покажа својот нов премиум-бренд „Genesis“, под кој ќе се нудат луксузните модели на марката. Во моментов тоа име се користи за средноразмерен седан и за купе.

Според плановите на корејскиот производител до 2020-та година под брендот „Genesis“ ќе се продаваат вкупно 6 модели кои ќе добијат обележја – „G90“, „G80“, „G70“ и така натаму во зависност од сегментот. Тие ќе се разликуваат од стандардните машини со новиот амблем, специјалниот дизајн и зголемени стандарди за сервисирање.

Претставниците на брендот ќе користат во дизајнот голем број стилистички решенија од концептот „Vision G“ (на втората слика), кој е создаден од американското студио за дизајн на „Hyundai“. Неговиот прототип беше прикажан во август во Музејот на уметност во Лос Анџелес.

Vision G Coupe Concept

Очекувањата се во линијата луксузни модели да влезат седанот и караванот „Genesis“, а исто така и предводникот на брендот „Equis“. Покрај нив се предвидува создавање на теренец од премиум-класа, кој исто така ќе ја користи платфорамата на „Genesis“.

Само пред 2 месеци „Hyundai“ претстави и спортски бренд – „N“, кој ќе им нуди на клиентите доработени варзии на стандардните модели на марката. Неговото име доаѓа од градот Намјанг каде што се наоѓа на одделот за истражување и развој на компанијата, како и од „Нирбургринг“, каде е лоциран тест-центарот на корејскиот производител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП