23 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилните апликации споделуваат повеќе информации од очекуваното

Мобилните апликации споделуваат повеќе информации од очекуваното

aps e039

Мобилните апликации споделуваат лични податоци за корисниците. Ова не е вест и е општо познато факт од кој зависи нивната работа. Според група научници од неколку универзитети и американски институции, сепак, апликациите споделуваат повеќе информации од очекуваното, соопшти онлајн изданието „Engadget“.

Тие го анализирале однесувањето на вкупно 110 програми за „Android“ и „iOS“. Просечно секоја од нив испраќа информации до барем три одделни домени, без корисникот да знае кои се тие. Може да има случаи кога податоците кои човек би сакал да ги задржи за себе, на пример поврзани со медицински информации, да се покажат испратени до мрежа за онлајн реклами.

Освен тоа, иако поединечните податоци сами по себе се анонимни, често тие се испраќаат во комплет со други информации. Ова ги прави достапни потрошувачките навики и во некои случаи дури и нивната локација или име.

Видот на податоци кои се откриваат варира според видот на апликацијата и платформата. Кај 47% од тестираните апликации за „iOS“, најчесто се споделува локацијата. На второ место е името на корисникот (во 18% од случаите), а на трето е маил адресата (16%).

Излегува дека апликациите за „Android“ споделуваат многу повеќе. Во 73% од случаите тие ја споделуваат „e-mail“ адресата на корисникот, а во 49% – името. Околу 24% од нив даваат и дополнителни идектификатори, како серискиот број на користениот уред.

Научниците додаваат дека во повеќето случаи апликациите се коректни и го информирале корисникот за бараната информација при инсталирањето. Проблемот е што луѓето не секогаш ги читаат овие предупредувања, а понекогаш и самите тие не се доволно конкретизирани. Освен тоа нема механизам кои покажува кога и какви податоци се споделуваат, како и за што точно се користат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП