6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИToyota ќе инвестира 1 милијарда долари во развој на вештачката интелигенција

Toyota ќе инвестира 1 милијарда долари во развој на вештачката интелигенција

nova kompanija tojota

„Toyota“ најави дека создава нова компанија – „Toyota Research Institute“, која ќе има за главна цел да развива истражување и развој во областа на роботиката и вештачката интелигенција и ќе инвестира 1 милијарда долари во оваа област. Седиштето на компанијата ќе биде во срцето на Силиконската долина – Пало Алто, Калифорнија.

Фирмата ќе има канцеларија и во близина на „МИТ“, кој е особено активен во овие сфери. Компанијата ќе започне со работа уште во јануари 2016-та година.

Според „Toyota“ вештачкиот интелект има голем потенцијал во одржувањето на идните индустриски технологии и ќе се создаде сосема нова индустрија. Инвестицијата ќе биде дистрибуирана во следните пет години. Покрај тоа, компанијата ќе инвестира и по 50 милиони долари годишно во технолошкиот институт и Универзитетот Стенфорд. Двата универзитета ќе создадат заеднички центар за развој.

Главните цели на новата компанија на „Toyota“ се да се подобри безбедноста на автомобилите и намалувањето на ризикот од инциденти. Освен тоа возењето треба да стане достапно за секој, независно од способностите. Третата цел на компанијата е технологијата да се користи и за уреди кои ќе помагаат за движењето надвор на возрасни луѓе, коментира др. Жил Прат, извршен директор на „Toyota Research Institute“.

Прат има големо искуство во оваа област, дури бил програмски менаџер во програматата за врвни случувања „DARPA“ на американската армија. Раководел е и одделот по роботика на „DARPA“ во периодот 2010 – 2015-та година. Според „Toyota“ вештачкиот интелект ќе е многу важен во следните 100 години и ќе се користи за подобрување на општеството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП