18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо продажба излегоа тастатури за полесно праќање емотикони (видео)

Во продажба излегоа тастатури за полесно праќање емотикони (видео)

tastaturi 333

Американската компанија „EmojiWorks“ ја претстави тастатурата за корисници кои користат многу емотикони, а сега ќе можат и полесно да ги праќаат.

Покрај стандардните познати функции на тастатурите, оние на компанијата „EmojiWorks“ се насликани со популарните емотикони, кои секојдневно ги користиме.

Целта на компанијата е на корисниците на интернетот и на друштвените мрежи да им го олесни праќањето емотикони.

Компанијата нуди три верзии на тастатури, кои малку се разликуваат, со оглед на различното ниво на зависност на корисникот од емотикони.

Стандардната Emoji тастатура чини 79,95 долари, а за Emoji Plus се плаќа 89,95 долари, додека Emoji Pro чини 99,95 долари.

Тастатурите може да се нарачаат online, а поддржуваат Bluetooth  и може да се спојат со компјутери, таблети и смартфони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП