19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT 124 Spider подготвен за саемот во Лос Анџелес

FIAT 124 Spider подготвен за саемот во Лос Анџелес

fiat spajder 33

Италијанскиот производител на возила го избра авто-саемот во Лос Анџелес за светска премиера на својот нов модел „124 Spider“, заснован на „Mazdа MX-5“.

Кога пред неколку години „Mazda“ и „FIAT“ склучија договор за развој на два поврзани модели, планирано беше тоа да бидат „MX-5“ и автомобил кој ќе биде произведен во знакот на „Alfa Romeо“.

Во меѓувреме, Италијанците одлучија нивниот модел сепак да го има амблемот на „FIAT“, а името е превземано од малиот спортски кабриолет кој прв пат беше претставен во 60-тите години од 20-тиот век и кој се изработуваше до 1985-та година.

Новиот модел ќе има слични димензии како и „Mazda MX-5“, a се претпоставува дека под хаубата ќе се најде 1.4-литарски турбо-бензинец со околу 180 ks, додека помоќната верзија ќе добие 1.75-литарска единица превземена од „Alfa Romeо 4C“. Овој мотор во моделот на „Alfа“ развива 240 „коња“.

Колку има вистина во овие медиумски шпекулации ќе дознаеме некаде на половината на ноември кога „FIAT 124 Spider“ ќе биде официјално претставен во најголемиот калифорниски град.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП