
Компанијата „Kia“ ја претстави хибридната модификација на новата генерација на моделот „Optima“, која на корејскиот пазар ќе се нуди под индексот „К5“.


Компанијата „Kia“ ја претстави хибридната модификација на новата генерација на моделот „Optima“, која на корејскиот пазар ќе се нуди под индексот „К5“.
Седанот добил агрегат, во кој влегуваат 2,0-литарски атмосферски бензински мотор со моќност од 156 КС, електромотор со 52 КС, комплет литиум-јонски батерии со моќ од 1,62 kW/h и 6-брзински автоматски менувач. На истата моќ на батериите се потпира и хибридната верзија на новата „Hyundai Sonata“.

Од стандардната „Optima“, новата верзија се разликува по различните браници и бандажи. Освен тоа, во решетката на хибридот има опција за вградување на активни поклопци кои се затвораат при висока брзина и на тој начин ја намалуваат аеродинамичка на триење и ја подобруваат потрошувачката на гориво.
Продажбата на хибридната „Optima“ во Европа ќе стартуваат во 2016-та година. Тогаш на Стариот континент треба да се појави и караван верзијата на стандардниот модел.
