23 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW подготвува револуција кај водородните автомобили

BMW подготвува револуција кај водородните автомобили

vodorod bmw 3003

Германскиот производител на автомобили „BMW“ објави дека е измислен нов инструмент, кој ќе овозможи значително да се зголеми максималната километража на автомобилите кои се напојуваат со горивни ќелии.

Во компанијата со седиште во Минхен се уште работат на технологијата и затоа таа ќе биде подготвена за вградување во сериски автомобили најрано за неколку години. Кога тоа ќе се случи, машините ќе можат да изминуваат без надополнување над 700 километри. Во моментов на пазарот на водородни автомобили се нуди исклучиво „Toyota Mirai“, при што возењето е 500 км. Следната година ќе биде пуштен и водороден модел на „Honda“ – „CLARITY FUEL CELL“, при што делницата која ќе може да се вози ќе биде приближно 700 километри.

Новиот метод за компресија на водород, претпоставува спроведување на процесот при екстремно ниски температури. Ова ќе овозможи дополнително намалување на обемот на резервоарите. Технологијата ќе биде интегрирана во голем седан, чиј димензии ќе ги надминуваат оние на погоре споменатите јапонски водородни автомобили.

Од „BMW“ прецизираат дека не планираат во развојот на првиот сериски модел на брендот да учествува „Toyota“, иако има соработка меѓу двете компании. Претставник на баварскиот концерн прецизира за „Ројтерс“ дека моделите на „BMW“ и „Toyota“ се наменети за различни пазари и затоа нивните агрегати ќе бидат сосема различни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП