3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНад 19.000 организации ја тестираат бизнис верзијата на Android

Над 19.000 организации ја тестираат бизнис верзијата на Android

rabota android 330

„Google“ објави дека моменталниот развој на специјалната верзија на „Android“ за бизнис ужива огромен интерес од страна на компаниите и организациите, а се повеќе од нив се приклучуваат на тестовите за нејзино користење. Вкупно над 19.000 организции го тестираат „Android for Work“, соопшти компанијата на својот блог.

„Android for Work“ содржи бројни промени и подобрувања во софтверот кои го прават многу посигурен и полесен за интеграција во корпоративната „IT“ инфраструктура. Платформата има лесен начин за одделување на бизнис апликациите од личните апликации. Ова им овозможува изолирање на работните информации и нивна добра заштита, без да влијае на останатата функционалност на уредот.

„Google“ не го прецизираше реалниот број на компании кои веќе ги поминале тестовите на користење на „Android for Work“. Сепак постигнувањето е прилично добро, со оглед дека платформата беше пуштена официјално во февруари оваа година.

Освен тоа интернет гигантот објави дека работи со над 80 партнери, кои ќе го користат, „Android for Work“ во нивни производи. Меѓу нив се и „BlackBerry“, „Citrix“, „Cisco“, „SAP“ и други. „Samsung“ и „Blackphone“ исто така учествуваат во програмата.

Некои хотелски синџири и компании исто предвидуваат користење на „Android for Work“ за гостите кои ќе добијат таблет со „Android“, од кој ќе можат да управуваат со функции во собата или да се поврзат со персоналот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП