3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНема да верувате што „преживеа“ овој смартфон! (видео)

Нема да верувате што „преживеа“ овој смартфон! (видео)

moto test 33

Новиот премиум телефон на „Motorolа“ има заштита на екранот која се состои од неколку слоеви на заштитно стакло, па тоа е главната причина за неверојатната издржливост на моделот.

Сопственикот на „YouTube“ каналот „TechRax“ продолжува со уништување на нови модели на телефони, па овој пат на ред дојде и „Motorola Droid Turbo 2“. Oвој смартфон е неверојатно издржлив, а тоа го потврди и тестот кој беше извршен врз него.

Прво што беше сторено од страна на „TechRax“ беше телефонот да го фрли од висина од околу метар и половина на бетон. Уредот тоа го „преживеа“ со помали гребнатинки на куќиштето кои се речиси невидливи. Потоа телефонот беше фрлен на земја, така што екранот ќе удри прв на бетонот. И овој тест смартфонот „Motorola Droid Turbo 2“ го „преживеа“ без проблеми.

Овој уред на „Motorolа“ има неверојатна заштита на екранот која се состои од неколку слоеви на заштитно стакло. Тоа е главната причина поради која телефонот е речиси неуништлив при пад од џеб, од маса, но сепак не беше доволно цврст да го издржи ударот со чекан.

„TechRax“ неколку пати силно го удри со чекан по екранот што резултираше екранот да „замрзне“, а потоа телефонот сам по себе се исклучи.

Меѓутоа, на стаклото останаа мали пукнатити таму каде што беше удрен од чеканот, а остатокот од дисплејот остана недопрен. Да беше некој друг телефон во прашање, стаклото на екранот веројатно ќе се распрскаше на ситни делови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП