24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSEAT ќе претстави четири нови модели

SEAT ќе претстави четири нови модели

seati 33

„SEAT“ ја откри новата стратегија за развој, која предвидува претставување на четири нови модели во следните две години.

Планот е наречен „2025 roadmap“, а ја фокусира палетата на шпанската марка во растечките пазарни сегменти со висока маргина на профит. Тој исто така предвидува сериозно намалување на трошоците за околу 100 милиони евра годишно, покажува официјалната информација од „SEAT“.

Што се однесува до новите модели, првиот од нив ќе се појави уште во првата половина од следната година. Информацијата е ограничена, но сепак станува јасно дека моделот ќе претставува компактен кросовер.

Во однос на скандалот со дизел моторите на матичната компанија „Volkswagen“, од „SEAT“ се категорични дека тој нема да се одрази на новата стратегија.

„Сега е време да работиме на среднорочен и долгорочен развој на нашиот бренд, независно од вестите во последните недели. Нашата стратегија е одобрена од концернот, истото важи и за новите модели кои ќе се појават на пазарот според планот и ќе придонесат за одржлив раст на SEAT“, се вели во пораката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП