3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank казнета со 258 милиони долари

Deutsche Bank казнета со 258 милиони долари

deutsche-bank

Германскиот банкарски гигант „Deutsche Bank“ ќе плати казна во висина од 258 милиони долари поради работењето со земјите кои се под санкции на САД, како Иран и Сирија.

„Компанијата не спроведе доволно мерки и процедури со цел да обезбеди активностите обавени во нејзините канцеларии надвор од САД да бидат во согласност со американскиот закон за санкции“, соопшти американската Управа на федерални резерви (ФЕД), која ја изрече казната заедно со Одделението од Њујорк за финансиски услуги (NYDFS), пренесува агенцијата Франс прес.

„Deutsche Bank“ на „NYDFS“ ќе му плати 200 милиони долари, а на ФЕД 58 милиони долари, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП