20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВредноста на биткоинот вртоглаво расте, но никој не знае зошто?

Вредноста на биткоинот вртоглаво расте, но никој не знае зошто?

bitkoin

Биткоинот е во фаза на исклучителен раст. Во последните три дена виртуелната валута поскапе за цели 40%. Никој од пазарните набљудувачи не може да даде јасен одговор за причината на овој раст.

Вредноста на виртуелната валута денес порасна за 25 отсто и достигна 500 долари, прв пат по август 2014-та година.

Виртуелната валута, која по падот на јуанот на крајот на август оваа година лизна на ниво под 198 долари на платформата за размена Битстамп, од тогаш до денес скокна за 150 отсто и денес достигна вредност од 502 долари.

Според аналитичарите дел од причината за растот на виртуелната валута е исклучително силната нејзина побарувачка во Кина. Цената со која се тргува биткоинот во Кина, е помеѓу 5 и 8% повисока во споредба со нивоата на трговија на останатите пазари.

bitkoin22222

Како друга причина се сметаат зголемените очекувања на пазарните учесници, дека валутата е потценета и има сериозен потенцијал за раст.

Една од најсмелите прогнози, објавени оваа недела, беше дека биткоинот ќе стане резервна валута во следните 15 години, според британската консултантска компанија „Magister Advisors“. Слична функција во моментов се врши од страна на швајцарскиот франк или австралискиот долар.

Имаше и шпекулации дека валутата може да биде плодна за водечките финансиски институции во светот. Една од најпознатите причини за поскапувањето на биткоинот е индексниот фонд, базиран на неговата презентација – „Bitcoin Investment Trust“ (GBTC).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП