15 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗS-Class меѓу SUV моделите (фото)

S-Class меѓу SUV моделите (фото)

gls suv 00

Официјална информација и фотографии за луксузниот „SUV GLS“ објави германската компанија „Mercedes-Benz“. Моделот претставува наследник на „GL“, а ќе биде достапен на пазарот подоцна во оваа година.

„S-Class меѓу SUV моделите“, така Германците претставуваат својот модел кој претставува дотерана верзија на теренецот, кој до неодамна беше познат под името „GL“.

gls suv 01

Промените на надворешноста на луксузниот автомобил не се големи, а влијаат на предните светла, браници, решетката на ладилникот, линиите позади, како и предложените бои и тркала.

gls suv 02

Внатрешноста исто така не е менувана премногу, но сепак се гледа новиот инфо-систем за забава кој има 8-инчен дисплеј, нов волан, „Touchpad“ управување со функциите и друго. Со доплата се нуди и јонизатори кој според информациите опипливо го подобруваат квалитетот на воздухот во кабината.

gls suv 03

Сериозна надградба сепак е направена во однос на системите за безбедност и удобност, од кои повеќето се директно превземени од новата генерација на предводникот „S-Class“. Меѓу нив се активниот автоматски систем за ноќно гледање, активниот систем за одржување на лентата на движење, технологија за стабилизација при странични ветрови и многу други.

gls suv 04

Промени има и во палетата на мотори. Би-турбо „V8“ агрегатот, поставен на „GLS500 4MATIC“, веќе доаѓа со 20 КС повеќе – 449 КС и 699 Нм. Зголемена моќност демонстрира и верзијата „GLS 63 AMG“, при што показателите се веќе 577 КС и 760 Нм. Дизелот 3.0 V6, поставен на „GLS350d 4MATIC“, пак нуди 255 КС и 616 КС.

gls suv 05

Сите модели со исклучок на „AMG“ модификацијата се опремени стандард со новиот 9-брзински автоматски менувач „9G-TRONIC“, а за доплата можат да бидат опремени со централен диференцијал со блокирање. Кај „GLS 63 AMG“ трансмисијата е „AMG SPEEDSHIFT PLUS 7G-TRONIC“.

gls suv 06

Јавната премиера на „Mercedes-Benz GLS“ ќе се одржи на автосаемот во Лос Анџелес, САД. Стартот на продажбата ќе бидат позната на крајот на месец ноември, кога и ќе се одржи саемот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП