19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го гаси одделението за дигитални камери

Samsung го гаси одделението за дигитални камери

sammsu

Поминаа неколку месеци откако за последен пат беше ажурирана страната „samsungcamera.com“, но најновите информации ни порачуваат дека работата е многу посериозна.

Имено, „Samsung“ планира да го згасне комплетното работење со дигитални камери, и да ги премести вработените во медицинското одделение и во она во кое се развиваат смартфоните. Ова сепак не значи дека „Samsung“ заврши во целост со камерите, но изгледа нема да имаме можност да видиме ништо ново во следната година од ова одделение.

Сензорот „Samsung NX500“ е пазарен лидер за хибридни „ASP-C“ квалитет на слики на сензори според „DxOmark“, па тоа е секако значителна загуба за целиот пазар. Од „Samsung“ несакаа да дадат било каков коментар на оваа тема, но нивното португалско одделение веќе престана да ги продава во целост „Samsung“ камерите.

Доколку го гледаме ова од поведрата страна, тоа би можело да доведе до подобрување на камерите кај смартфоните, имајќи во предвид дека вработени ќе бидат префрлени во тоа одделение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП