29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕксплодираше профитот на Intesa Sanpaolo

Експлодираше профитот на Intesa Sanpaolo

intesa11

Италијанската банка „Intesa Sanpaolo“ соопшти дека во третиот квартал имала зголемување на профитот од 50 проценти во однос на истиот период минатата година.

„Intesa Sanpaolo“ соопшти дека нејзиниот вкупен приход за три месеци заклучно со 30. септември изнесувал 722 милиони евра, додека во истиот квартал минатата година изнесувал 483 милиони евра.

Акциите на „Intesa Sanpaolo“, сепак, паднаа за четири процени, бидејќи инвеститорите се разочарани од профитот од каматата и тргувањето, пренесува Волстрит Журнал.

Втората најголема италијанска банка според средствата одвои 769 милиони евра во резерви за покривање на лошите кредити. Тие резерви во првите девет месеци изнесуваа 2,3 милијарди евра, најмалку од 2011 година, што одразува и подобрување на кредитните трендови.

„Intesa Sanpaolo“ исто така наведе дека го подобрила и успешното пласирање на кредити – дала 29 милијарди евра во среднорочни и долгорочни кредити за семејства и компании во првите девет месеци, што е повеќе од половина во однос на 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП