Со одлука на Владата, која е донесена на 20 октомври 2015, а објавена на 2 ноември 2015 година, ќе издаде четврта по ред еврообврзница вредна 500 милиони евра.
До крајот на годината Македонија треба да позајми 500 милиони евра за покривање на буџетските потреби за 2105 и 2106 година и рефинансирање на старите долгови.
Еврообврзницата ќе биде издадена преку Дојче Банк со претставништво во Лондон и ќе котира на Ирската берза. Рокот на отплата ќе биде на 10 години. Министерството за финансии ќе исплаќа камата еднаш годишно. Исто така, во одлуката стои и дека Министерството за финансии може во име на државата да ги откупи еврообврзниците по било која цена.
Ова е четврто задолжување на Македонија по пат на еврообврзница. Првата еврообврзница е издадена на износ од 150 милиони евра во 2005 година и веќе е отплатена. Втората е издадена во 2009 година на износ од 175 милиони евра и доспеа по 3,5 години. Третата е издадена еврообврзница државата ја издаде во јули минатата година на износ од 500 милиони евра, со камата од 3,97 проценти и доспетие во 2021 година.