28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichelin затвора три фабрики во Европа, откази за 1.500 лица

Michelin затвора три фабрики во Европа, откази за 1.500 лица

michelin

Францускиот производител на гуми „Michelin“, соопшти дека за три години ќе затвори три фабрики во Европа, поради што 1.500 лица ќе останат без работа.

Фабриките на „Michelin“ во италијанскиот град Фосано и германскиот град Оранинбург ќе бидат затворени до крајот на 2016 година, а фабриката во Северна Ирска до средината на 2018 година, се наведува во соопштението на компанијата, додавајќи дека зајакнувањето на конкуренцијата и економската криза негативно влијаеле на европскиот параз за гуми, пренесува агенцијата Франс прес.

Од „Michelin“, исто така, соопштија дека во тековната финансиска година ќе извојат 280 милиони евра за покривање на трошоците од затворањето на фабриките, додека другите фабрики на „Michelin“ во Европа ќе го преземат производствениот процес обавуван во тие фабрики.

„Michelin“ е меѓу трите најголеми производители на гуми во светот, зад „Bridgestone“ и „Goodyear“ и вработува 65.000 лица во Европа, со 40 фабрики, наведува француската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП