26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen откри нови проблеми на 800.000 возила

Volkswagen откри нови проблеми на 800.000 возила

volksw 33

Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ објави во вторникот дека „необјасниви испуштања“ на јаглерод диоксид се откриени на околу 800.000 дополнителни дизел автомобили, во вредност од околу две милијарди евра.

„Во текот на интерните испитувања, необјаснети испуштања се откриени во смисла на нивото на CO2. Врз основа на сегашните сознанија, околу 800.000 автомобили на „Volkswagen“ се опфатени со тој проблем“, се наведува во соопштението на концернот.

Компанијата „Volkswagen“ веќе извесен период е во центарот на скандалот со мамењето на тестовите за количеството испуштени штетни гасови за дизелските мотори, преку софтверот вграден во нејзините возила.

Најголемиот светски произведувач на автомобили призна на 18-ти септември дека во дизелските возила вградил нелегален софтвер кој ги мамел американските регулатори во врска со вистинското ниво на емисија на издувните гласови, предизвикувајќи ја со тоа најголемата деловна криза во својата историја.

Засега „Volkswagen“, кој произведува автомобили на 12 разни марки, ги проценува економските загуби на околу две милијарди евра, по оваа нова афера. Компанијата инсистира на фактот дека „безбедноста на нејзините автомобили не е доведена во прашање“.

Портпаролот на компанијата прецизираше дека се забележани неправилности во нивото на испуштање CO2 на дизел моторите од 1,4 литри, 1,6 литри и 2 литри, на моделите „VW“, „Škoda“, „Audi“ и „Seat“, како и на еден бензински мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП