24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПациентите на Балканот ќе можат да добијат врвна трансплатација на коса и...

Пациентите на Балканот ќе можат да добијат врвна трансплатација на коса и пластична хирургија

caa

Врвна трансплантација на коса и услуги од областа на пластичната и естетска хирургија пациентите на Балканот ќе можат да добијат преку еминентинaта 101 Клиникa од Македонија заедно со етаблираната New Age Клиника од Турција кои оформија конзорциум. Освен за нашата земја, услугите на 101 клиниката ќе бидат и во Србија, Хрватска и Турција.

“Отворивме клиники во 4 земји, Македонија, Србија, Хрватска и Турција, во кои покрај нехируршките дејности, како, трихологија, подологија, дерматовенерологија, фебологија, алергологија, од денес веќе на располагање се и хируршките можности во поглед на трансплантација на коса како и пластичната и естетска хирургија. Веќе го скенираме австрискиот пазар за отворање на уште една клиника, овој пат во Виена” – изјави проф. д-р Ивица Смилковски, извршен генерален директор на конзорциумот.

Услугите на New Age клиниката која брои врвни пластични хирурзи со долгогодишно искуство, рангирани на прво и шесто место според Меѓународната асоцијација на пластични хирурзи со седиште во САД, освен за Македонија, сега се достапни и за целиот Балкан.

cbb

“Ни претставува предизвик што Македонија и целиот Балкан е на мапата на 101 клиниката заедно со New Age клиниката. Нашата цел е да понудиме високо квалитетна трансплантација на коса во Балканските земји, секако со веќе добро поставената регионална доверба која ја ужива 101 клиниката. Нашите хирурзи за трансплантација на коса и естетска хирургија се посветени да им обезбедат на пациентите чувство на сигурност и квалитет во дадените здравствени услуги” – изјави Танер Хаскан, Медицински директор на хируршките дејности при конзорциумот.

101 клиниката е лидер на Балканот со најсовремени дијагностички методи, најефикасни клинички докажани производи и најнапредни технолошки достигнувања во третирањето на проблемите со коса, стапала и кожа.

“Неприкосновениот успех во резултатите од стимулативните третмани за раст на косата ја направи нашата клиника препознатлива, нашиот впечаток беше дека е неопходно да обезбедиме и понудиме и хируршко решение за губитокот на косата. Со оглед на нашата етаблираност на пазарот потребно беше да најдеме медицински тим кој ќе ги задоволи нашите високи критериуми во давање на квалитетна и некомпромитирана услуга во трансплантацијата на коса. New Age клиниката во Истанбул и нејзините ISHRS (International Society of Hair Restoration Surgery)  хирурзи се дефинитивно нашиот компатибилен партнер не само во бизнисот туку и во медицинското знаење, искуство и кредибилитет.” додаде д-р Елена Арсова, Медицински директор на нехируршките дејности при конзорциумот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП