2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHennessey го претстави новиот светски рекордер (фото)

Hennessey го претстави новиот светски рекордер (фото)

venom gt

Американската компанија „Hennessey Performance Engineering“ ги откри деталите на новата верзија на хиперавтомобилот „Venom GT“, која треба да се претвори во најбрз сериски автомобил на планетата.

Машината ќе биде претставена официјално на саемот „SEMA“ во Лас Вегас. Таа добила екстра моќност од 207 КС во споредба со досегашната верзија, може да работи на биоетанол „E85“ и да развива максимална брзина од 450 км/ч.

venom gt1

Ова возило е опремено со 7,0-литарски твин-турбо „V8“ мотор, при што моќта веќе достигнува 1451 КС, но тежината останува иста – 1244 килограми.

Од 0 до 96 км/ч, „Venom GT“ ќе забрзува за 2,4 секунди, до 160 km/h за 4,4 секунди, а до 320 км/ч за 12,8 секунди. Растојанието од ¼-милја машината ја поминува за 9,4 секунди, а на крајот на делницата развива 268 км/ч.

venom gt2

Досегашниот „Venom“ располагаше со 1244 КС и во февруари оваа година успеа да развие брзина од 435,3 км/ч на тркачката патека на вселенскиот центар „Кејп Канаверал“. Тоа е за 4 километри повеќе од постигнувањето на „Bugatti Veyron Super Sport“. Резултатот сепак не беше прогласен за светски рекорд, бидејќи според правилата тој мора да биде постигнат и во двете насоки на трасата.

venom gt3

Затоа сега во „Hennessey“ се амбициозни и новата верзија на нивниот автомобил да достигне до 450 км/ч и да стане „најбрз сериски автомобил на светот“. По „Venom GT“ ќе се појави и модел под името „F5“, кој треба да развие 466 км/ч.

Во компанијата предвидуваат да произведат 4 примероци од „Venom GT“ во 2016-та година. Секој од нив ќе чини над 1,2 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП