Тим од порталот „ARMdevices.net“ откри дека во Кина може да се купи клон на „iPhone 6S“, по неверојатна цена од дури 37 долари. Овој уред е пронајден во маркетот „Shenzen electronics“, најголемиот светски продажен центар кој е специјализиран за електроника.
Овој колн надворешно изгледа идентично со оргиналот, и доаѓа во трите познати бои – сива, златна и „розе-златна“ верзија. Од „iPhone“ го разликува фактот дека на задната страна поклопецот може да се отстрани со цел да се има пристап до променливата батерија.
Вградениот процесор е „Spreadtrum SC7731 Quad-core ARM Cortex-A7“, a уредот има екран со дијагонала од 5 инчи (со резолуција од 960 × 540 точки), вградена меморија од 4 GB, како и 512 MB работна меморија.
Дополнително, овој уред поддржува работа со две „SIM“ картички и поврзување на 3G мрежа, а користи „Android“ кој е модифициран на одреден начин да го имитира „iOS“ оперативниот систем.