КОМПАНИИ

Македонската Пи Ворлд прва странска агенција со дозвола за работа во Иран

pi world 00

Македонската креативна агенција Пи Ворлд е првата интернационална агенција на која и е дозволено да работи и организира настани во Иран.

Агенцијата, од 21-22 ноември во Техеран, главниот град на Иран, го организира првиот интернационален маркетиншки настан во историјата на Исламската република.

„„Global Marketing Summit“, вклучува презентации од некои од најголемите светски маркетиншки експерти и навистина сме горди што нас ни припадна честа да го организираме овој настан во Иран. Иран го има најголемиот економски потенцијал во Средниот Исток и со подигањето на санкциите следната година, се очекува да стане и најпримамливата светска дестинација за инвестирање“, изјави Коста Петров, првиот човек на Пи Ворлд.

Пи Ворлд е основана во Ноември 2010-та година и за неполни пет години компанијата успее да се позиционира како лидер во областа за организрање на настани во 30 различни земји во светот меѓу кои се и Катар, Египет, Јордан, Мароко, Азербејџан, Грузија и Турција. Од следната година компанијата ќе започне со работа и во Гана и Индија.