4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle планира да започне испораки со дронови во 2017-та година (фото+видео)

Google планира да започне испораки со дронови во 2017-та година (фото+видео)

dron google 0102

„Google“ очекува дека во текот на 2017-та ќе започне со дронови да им ја доставува стоката на купувачите на нивниот праг.

Давид Вос, кој е одговорен за проектот „Wing“, вели дека нивната компанија е во преговори со американската Сојузна управа за воздушен сообраќај (FAA), како и со другите клучни фактори, околу поставувањето на системот за контрола на воздушниот сообраќај за дронови. Системот би ги користел мобилните и интернет технологиите за управување на беспилотните летала на висина од 150 метри, пишува „Reuters“.

„Нашата цел е да имаме систем кој ќе е поставен на пазарот до 2017-та година“, вели Вос.

dron google 0103

Покрај „Google“, односно матичната „Alphabet“, „Amazon“ е уште еден голем играч кој планира да ја претвори доставата на пратки со дронови во реалност. Но, токму дозволите и регулативите се клучни за тоа, а тоа се очекува да се случи во почетокот на следната година. Неодамна и трговскиот ланец „Walmart“ објави дека ќе бара дозвола за тестирање на дронови за достава.

На видеото со кое претходно се демонстрираше проектот се користи метар и половина широк дрон со четири ротори, но од компанијата велат дека нов тип на летала и форми може да се очекуваат со пристигнувањето на проектот на пазарот.

Вос, кој е еден од челниците на работната група во „FAA“, вели дека за 12 месеци би можело да се постави систем за идентификација на операторот на дронот и држење на беспилотните летала подалеку од другите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП