2 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСАД: Истрагата е проширена и на 3.0-литарските дизели на Volkswagen

САД: Истрагата е проширена и на 3.0-литарските дизели на Volkswagen

dizeli mot 3.0 tdi

Американските регулатори за заштита на животната средина ја информираа групацијата „Volkswagen“ дека ја прошируваат истрагата во врска со манипулацијата на овој производител на автомобили на тестовите за мерење на емисијата на штетни гасови.

Агенцијата за заштита на животната средина (EPA) наведува дека и во моделите со 3.0-литарски „V6 TDI“ дизел мотори открила софтвер за манипулација на вредностите на издувните гасови, пренесува „Reuters“.

Како што соопшти „EPA“, споменатиот софтвер кој овозможува автомобилот различно да работи при тестирање, отколку во вообичаените услови на патот, кога според тврдењето на „EPA“, возилото испушта и до девет пати повеќе азот-оксид, отколку во лабораториски услови.

Со овој проблем, тврди „EPA“, се погодени 10.000 автомобили произведени меѓу 2013-та и 2015-та, меѓу кои се моделите „Volkswagen Touareg“, потоа „Porsche Cayenne“, како и моделите на „Audi“ – „A6“, „A7“, „A8“ и „Q5“.

„VW“ во септември призна дека во 11 милиони автомобили ширум светот е инсталиран софтвер за манипулација на вредностите на издувни гасови. Тие возила беа опремени со 2.0-литарски „TDI“ мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП