3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVisa ќе се соедини со Visa Europe во зделка од над 21...

Visa ќе се соедини со Visa Europe во зделка од над 21 милијарди евра

visa 0303

Најголемата компанија за безготовинско плаќање во светот – „Visa Inc.“, договорила купување на „Visa Europe Ltd.“ во договор кој се проценува на 21,2 милијарди евра (23,4 милијарди долари), за да се унифицира брендот на светско ниво. Kомпаниите беа одделени една од друга пред осум години, соопштува „Bloomberg“.

Договорот вклучува однапред плаќање на 16,5 милијарди евра и можност за плаќање на уште 4,7 милијарди евра по четвртата година од завршувањето на трансакцијата, соопштија компаниите во заедничко соопштение. Ова купување става крај на шпекулациите меѓу аналитичарите дали компаниите кои се разделија во 2007-ма година пред ИПО-то (IPO) на американската компанија, повторно ќе се соединат.

Недостатокот на значаен придонес кон профитот од Европа одамна се смета како слабост за „Visa“ и предност за нејзиниот помал конкурент „MasterCard“, кој го поседува европскиот бизнис. „Visa“ се потпира повеќе на САД, каде што формираа 54% од приходите во фискалната 2014-та година во однос на 39% на „MasterCard“.

„Овој договор е корисен за финансиските институции, корисниците, трговците, картичките и другите партнери, како и за нашите вработени и акционери“, вели главниот извршен директор Чарли Шарф.

„Visa“ забележа и 41% раст на профитот за четвртиот квартал или 1,51 милијарди долари, 62 центи по акција, од 1,07 милијарди долари и 43 центи, од минатата година, кога компанијата отпиша 283 милиони долари поради судски трошоци. Приспособениот профит, кој исклучува некои поединечни фактори е 62 центи по акција – малку под просечната проценка од 63 центи на аналитичарите анкетирани од „Bloomberg“. Компанијата покрај тоа најави нова програма за откуп на акции во вредност од 5 милијарди долари.

Договорот може да го подигне профитот за 5%, покажуваат проценките на Доналд Фандети, аналитичар во „Citigroup“. Според оценката на Лиза Елис од „Sanford C. Bernstein & Co.“ договор од 20 милијарди долари може да го зголеми профитот во 2018-та година за 12%.

„Visa Europe“, која има договор за лиценцирање со „Visa Inc.“, управува со над 500 милиони сметки и има обработено над 16 милијарди трансакции во минатата година, покажува годишниот извештај на компанијата. Таа предвиде профит од 219,8 милиони евра во 2014-та година, што е за 29% повеќе во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП