20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMoделот Mate 8 на Huawei пристигнува на 26-ти ноември

Moделот Mate 8 на Huawei пристигнува на 26-ти ноември

mate 08

Најуспешниот кинески производител во оваа година – „Huawei“, се очекува да го претстави својот најнов премиум смартфон „Huawei Mate 8“ на 26-ти ноември, според објавената најава од страна на компанијата.

Според гласините во интернет просторот моделот „Huawei Mate 8“ се очекува да има 6-инчен дисплеј со резолуција од 1.440 x 2.560 пиксели, иако од компанијата изјавија порано во текот на годината, дека резолуција од 1.080 x 1.920 пиксели е сосема доволна кај смартфоните.

За споредба, моделот на компанијата „Huawei P8 max“ е со 6.8-инчен дисплеј со резолуција од 1.080 пиксели. Смартфонот се очекува да е првиот на компанијата, опремен со новиот процесор „Kirin 950 SoC“.

Најверојатно моделот ќе биде претставен во две варијанти со 3GB RAM меморија, како и 32 GB внатрешна и вториот со 4 GB RAM и 64 GB внатрешна меморија. Задната камера на смартфонот се очекува да е од 20.7 мегапиксели, а предната од 8 мегапиксели. Батеријата најверојатно ќе е барем од 4.100 mAh.

mate 08-1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП