2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMitsubishi го претстави својот прв електричен SUV

Mitsubishi го претстави својот прв електричен SUV

ex suv 00

На саемот за автомобили во Токио, јапонскиот производител го претстави концептот „eX“ кој за погон користи исклучиво електрична енергија.

Под каросеријата на модерниот дизајн се наоѓа електромотор и погонска батерија, која според луѓето од „Mitsubishi“ му овозможува на возилото со едно полнење да помине и до 400 km.

Производителот не објави повеќе технички детали, но откри дека „eX“ го покажува правецот во кој ќе се движи дизајнот на неговите сериски модели во иднина.

Продукциската верзија на овој концепт се очекува да се појави на патиштата во 2020-та година.

ex suv 01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП