6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСпоредба на најпопуларните оперативни системи на денешницата (видео)

Споредба на најпопуларните оперативни системи на денешницата (видео)

ui comparation 00122222

„Google“ – „Android 6.0“, „Apple“ – „iOS 9“ или „Microsoft Windows 10 mobile“, кој од овие оперативни системи изгледа најдобро?

Ултимативната вистина не е можно да се пронајде од едноставна причина, затоа што во вакви случаи, таа не постои. Сето тоа е прашање на вкус, перцепција и потребите на секој од нас, кои се различни. Нормално е дека секој има свој фаворит во се, па така и кај мобилните оперативни системи на своите паметни телефони. Во видеото кое ќе имате можност да го погледнете е направен обид да се споредат трите најпопуларни мобилни оперативни системи на денешницата.

Главните функции на „Android 6.0“, „Windows 10 Mobile“ и „iOS 9“ мобилните платформи „поставени“ се рамо до рамо, со цел корисниците да можат да ги видат и споредат корисничките интерфејси. Интересно, иако „Windows 10 Mobile“ е во развојна фаза и не е достапен во продукциска верзија, според коментарите на корисниците има најубав кориснички интерфејс.

Секако препорачуваме да го погледнете видеото и со нас во коментари да го споделите вашето мислење…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП