1 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен скок на лирата по победата на партијата на Ердоган

Силен скок на лирата по победата на партијата на Ердоган

lira turcija 33

Турската лира силно скокна во понеделникот по победата на владејачката конзервативна партија на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на предвремените парламентарни избори.

Лирата во утринските часови забележа скок од над четири отсто. Доларот денеска се менува за 2,78 лири, а еврото за 3,07.

Партија на правдата и развојот (АКП), која е на  власт од 2002-ра година, освои 49,4 отсто од гласовите според нецелосните податоци.

Турската валута загуби 20 отсто од вредноста во однос на доларот и еврото од почетокот на годината поради забавениот економски раст, високата стапка на инфлацијата и државниот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП