„Samsung“ официјално го претстави 18,4-инчниот таблет „Android Galaxy View“. Главниот акцент не е кај апликациите да гарантираат продуктивност, туку во забавата.
Тоа станува јасно уште од почетниот екран, кој дава директен пристап до апликациите „Hulu“, „Netflix“, „Watch ESPN“ и „YouTube“. Таблетот има стерео звучник.
Како што претходно стана јасно, најтешкиот 2,65 килограми таблет е опремен и со рачка – корисна карактеристика за пренос на таблетот од соба в соба.
Покрај големината на екранот резолуцијата е 1920 на 1080 пиксели, а според „Samsung“ со едно полнење на батеријата уредот ќе издржи осум часа. Има и предна камера со скромни 2,1 мегапиксели.
Таблетот има осумјадрен 1,6 GHz процесор, RAM меморија од 2 GB и хард меморија од 32 или 64 GB. Стандардното поврзувањето е преку „Bluetooth“ или „WLAN“, освен тоа има и варијанта со вграден модул за „LTE“.
Оперативниот систем е „Android 5.1“, а засега компанијата не споменува ништо за ажурирање и достапност. Во САД „Galaxy View“ ќе чини 599 долари.
Таблет со таква големина Dell претстави уште во 2013-та година, кој тогаш сепак го користеше „Windows 8“. Слични уреди со „Windows“ има и од „Asus“ со моделот „AiO“ и од „Sony“ со „Vaio Tap 20“, како и кај „HP“ со „Envy Rove“.