2 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПВикенд хороскоп 31.10. - 01.11.2015

Викенд хороскоп 31.10. – 01.11.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Се повеќе ќе се интересирате за финансии или нови работи кои би можеле да ги зголемат приходите во работењето. Ќе направите нови планови во таа насока. Ќе се борите за поддршката на другите да ги поттикнете или барем да ги насочите. Нешто ќе ви успее.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Вашата обновена енергија ќе биде насочена кон љубовта, а ќе имате и прилика да го освежите односот со партнерот или ако сте слободни да си најдете љубовно задоволство. Можеби ќе имате мали проблеми со здравјето, некоја ваша честа болка, но тоа нема да ви биде пречка во извршувањето на секојдневните обврски.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Потребни ви се добри совети, добра организација на работа и малку поголема самодоверба. Некој успеал да ве предомисли во намерите, па сега следува појава на нервоза поради таа одлука. Подготвени сте да инвестирате повеќе во себе. Добрата состојба на банкарската сметка за вас е најдобра рехабилитација.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се трудите да ги контролирате случувањата на работното место и успевате да стабилизирате некоја ситуација која е многу стресна. Свесни сте дека вашите планови се грандиозни. Ако од неодамна сте на ново работно место би било паметно да не навлегувате во кавги со колегите.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Доколку се насочите кон работата и креативните моменти, ве очекува успех. Во спротивно, фрустрациите ќе ве совладаат. Потрудете се да избегнувате непријатни ситуации. Излез постои, но мора да преземете конкретни професионални потези.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Околностите ќе ве поттикнат на промени во однесувањето, при што најсилни сојузници ќе ви бидат енергијата и вербата во себе. Викендот ќе го поминете во тесна комуникација со другите. Ќе запознаете нови луѓе, ќе направите корисно познанство и ќе извлечете корисни лекции од искуствата на другите.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од наредната недела ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го викендот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Вие се обидувате да се фокусирате на работата и здравјето бидејќи на тие полиња минатите денови ви беше лошо. Бидејќи во семејството доаѓа до значајни промени, не оптоварувајте се со она што не ви оди. Тргнете им во пресрет на убавите нешта, барем во мислите.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Би требало да го решите прашањето околу статусот на работа, но и да расчистите со некои ваши илузии и да ја прифатите реалност. Може да очекувате повик од една Шкорпија или Јарец во врска со продолжување на соработката, но прашањето е дали условите за работа ќе ви одговараат целосно. Можна е работа во приватна компанија.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес многу нешта можат поволно да се рефлектираат на вашиот знак. Во претпладневните часови родените во последната декада од знакот можат да ја постигнат целта ако бидат подготвени да се вклучат во некој нов бизнис дури и ако тој не се одвива според нивните услови. Многу брзо ќе ја сфатите предноста на таквиот став.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ќе истражувате и ќе пребарувате по некои податоци за да дознаете информации за некои минати работи. Ова е период кога ќе се сретнувате со некои стари пријатели. Не преземајте нови проекти, туку размислете ги подобро идеите и случувањата кои ги имате во моментот. Внимавајте, можно е да не бидат правилно разбрани вашите пораки.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Деловна понуда која ќе ја добиете овој викенд за вас може да биде многу предизвикувачка, особено доколку се плашите да инвестирате во нешто непознато. Нема да бидете подготвени на компромис или да го прифатите тоа што ви се нуди при вашата недоволна мотивираност. Работите на долг рок бараат и разговор со оние кои можат да ви дадат добри услови. Се обидувате да ја избегнете соработката со Бик или Лав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП