2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСилен раст на приходите и бројот на членови на LinkedIn

Силен раст на приходите и бројот на членови на LinkedIn

lik in 33

Приходите на LinkedIn пораснаа во изминатото тромесечје за 37 отсто во однос на истиот период лани, на 779 милиони долари, а пораснаа приходите во сите сегменти на работењето на најголемата социјална мрежа за професионалнци.

Според деловниот извештај, приходите на LinkedIn од огласување пораснаа за 28 отсто, а од членарина за 21 отсто во однос на истиот период лани.

Сепак, најмногу за 46 отсто, на 502 милиони долари, пораснаа приходите од работењето на одделот Talents Solutions, кој ги поврзува оние кои бараат работа и работодавачите, кои сочинуваат две третини од вкупните приходи на LinkedIn.

Вкупниот број на членови на LinkedIn, кои работат во над 200 држави, порасна во третиот квартал за 20 отсто на годишно ниво, на 396 милиони.

И покрај тоа, нето загубата се зголемила на 40,5 милиони долари, од 4,3 милиони долари во претходната година, бидејќи трошоците на компанијата се зголемиле за 46 отсто.

Растот на трошоците е последица на инвестициите во ширењето на компанијата, аквизициите, вработување на продажен персонал и ширењето на присуството во држави вон САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП