2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHTC одбива да дава прогнози за својот бизнис

HTC одбива да дава прогнози за својот бизнис

htc sudei

Финансиските резултати на тајванската компанија „HTC“ се уште не се оптимистички. Компанијата објави нето загуба од 4,5 милијарди тајвански долари (139 милиони долари) и приходи од 21,4 милијарди тајвански долари (660 милиони долари), пишува „TechCrunch“.

Во претходниот квартал таа повторно се најде на „црвена територија“ со нето загуба од 5,1 милиони тајвански долари, по неколку квартали со мал профит. Иако загубите беа ограничени во минатото тримесечје, приходите се намалија за 7% во однос на претходниот период и за повеќе од 50% на годишна основа.

На позадината на овие последователни „порази“ и најлоша година како целина, „HTC“ најави дека повеќе нема да прави финансиски проекции за својот бизнис. Главниот финансиски директор и претседател за глобална продажба на компанијата Чалин Чан изјави дека одлуката е заснована на „динамичниот карактер на оваа година за бизнисот“ и додава дека слични потези се направени и од други јавни претпријатија во Тајван. Тој тврди дека „HTC“ сака да ги избегне „страничните ефекти“.

Одбивањето да дава прогнози – информации за која аналитичарите и инвеститорите копнеат, е очајна мерка која покажува дека компанијата се наоѓа во тешка положба.

Последните загуби беа неизбежни, со оглед дека компанијата објави програма за реструктуирање веднаш по излегувањето на нејзините резултатите за вториот квартал. Планот вклучува намалување на 15 отсто од вработените и поставување на фокусот врз клучни активности, додека останатите одат во заден план.

Според Чан напорите за реструктуирање од последниот квартал ќе дадат резултат до почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП