18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota вети дека догодина ќе ја покаже новата Supra

Toyota вети дека догодина ќе ја покаже новата Supra

future toyota

Новата генерација на „Toyota Supra“ ќе биде прикажана до крајот на 2016-та година, а сериската верзија ќе се појави на пазарот околу една година подоцна. Ова го соопшти за изданието „Motoring“ одговорен за проектот Тецуја Тада.

Топ менаџерот откри дека спортската машина ќе претрпи сериозни промени во дизајнот, што значи дека таа ќе се разликува значително од прикажаното во 2014-та година концептуално спортско купе „FT-1“. Се смета дека токму тоа ќе биде во основата на идниот автомобил на Јапонците.

Тада соопшти уште дека од моторот на новата „Supra“ не треба да се очекува импресивна моќ, бидејќи инженерите на „Toyota“ се концентирани на тоа тој да дава задоволство во управувањето. Топ менаџерот сепак додаде дека динамиката на каросеријата нема да отстапува од германските конкуренти и најмногу на „Porsche 911“.

Од „Toyota“ не откриваат никакви детали за погонскиот агрегат на возилото, но според весникот, новата „Supra“ ќе се нуди со бензински турбо мотор „V6“ со моќност 330 КС. Предвидено е и хибридна верзија со 475 КС.

Тада не сакаше да потврди и кога точно ќе се појави новата „Supra“ пред публика, но експертите се на мислење дека концептуалната верзија на каросеријата ќе биде претставена на првата голема изложба во 2016-та година, а тоа е во Детроит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП