17 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе ги обедини Android и Chrome OS во заедничка платформа

Google ќе ги обедини Android и Chrome OS во заедничка платформа

chrome android

„Google“ планира да ги обедини „Android“ и „Chrome OS“ во една заедничка платформа. Ова ќе се случи во 2017-та година, објави „Forbes“, повикувајќи се на свои извори во компанијата.

Инженерите на „Google“ работат на овој проект околу две години. Развојот веќе е во напредна фаза и нејзината прва пробна верзија ќе биде претставена уште следната година. На овој начин „Google“ ќе ги фокусира сите свои напори врз мобилната платформа која ќе добие и дел од функциите на „Chrome OS“, која пак е насочена кон лаптопи и компјутери.

„Chrome OS“ и така не можеше да освои многу корисници. Според анализата на „IDC“, платформата има удел од околу 3% на „PC“ пазарот. Карактеристично за оперативниот систем е тоа што таа се потпира на постојана интернет конекција и речиси не повлекува содржина или апликации на самиот уред. Долго време „Google“ го одржува „Chrome OS“ и „Android“, кој пак повлекува примена на уредот со идејата да провери кој метод ќе им се допадне повеќе на потрошувачите.

Новата верзија на „Android“ ќе може да се користи и на компјутери, а желбата на „Google“ е да биде достапна на максимално многу видови и број на уреди. Лаптопите кои го имаат името „Chromebook“, ќе бидат ребрендирани, но име за нив се уште не е избрано. Името „Chrome“ ќе остане само за популарниот прелистувач кој ќе продолжи да постои.

„Google“ ќе продолжи да одржува посебна верзија на „Chrome OS“ за другите производители на уреди кои сакаат да имаат корист од нејзиниот отворен код и да ја применуваат за лаптопи. Напорите на компанијата сепак ќе се насочени кон развојот на „Android“ со компјутери и мобилни уреди.

За сега „Google“ не коментира официјално на оваа тема. Насочувањето на „Android“ кон компјутерите изгледа како одговор на „Microsoft“, кој пак сака да ги прошири можностите на „Windows 10“ и платформата да се користи за мобилните уреди, паметни додатоци и интернет на нештата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП