28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиската цена на нафтата ја крена добивката на Lufthansa

Ниската цена на нафтата ја крена добивката на Lufthansa

luf ibm

Германската авиокомпанија Lufthansa во четвртокот извести за скок на добивката во третиот квартал на годишно ниво, што се должи на ниските цени на нафтата и позитивните податоци за прометот на патниците, воедно зголемувајќи ја прогнозата за цела година.

Нето добивката на Lufthansa во кварталниот период, заклучно со септември, скокна за 41,5 отсто, на 794 милиони евра, покажа финансискиот извештај.

Приходите на воздухопловната групација, во чија сопственост се подружниците на Germanwings, Swiss и Austrian Airlines, во ист период пораснале за 5,1 отсто, на 8,939 милијарди евра.

„Реорганизацијата на групацијата на Lufthansa сега се гледа во добрите резултати. Нема сомневање дека во постигнувањето ни помогна ниската цена на нафтата“, рече извршниот директор на компанијата Карстен Шпор.

„Нашите подобрени резултати сепак не почиваат само на намалената цена на нафата. Исто така забележавме исклучително голем број на патници за време на летото и значително ја зголемивме пополнетоста на авионите“, додаде Шпор

Во првите девет месеци од 2015 година нето добивката е повеќе од двојно зголемена во однос на истиот период лани, на 1,75 милијарди евра, а приходите се зголемени на 7,4 отсто, на 24,3 милијарди евра, покажа деловниот извештај.

Што се однесува до прогнозите, Lufthansa е на пат кон значително подобрени резултати за целата година. Досега од компанијата очекува темелната добивка годинава да биде 1,5 милијарди евра, а сега предвидуваат дека ќе се движи од 1,75 9 1,95 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП