30 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМоделите на Samsung и натаму се најпродавани смартфони во светот

Моделите на Samsung и натаму се најпродавани смартфони во светот

samsi 33

„Samsung“ и „Apple“ продолжуваат да доминираат на светскиот пазар на смартфони, но кинескиот производител на телефони „Huawei“ покажува се поголем притисок врз гигантите во индустријата, радувајќи се на раст од 60,9% во однос на претходната година. Тоа го покажува новиот извештај на компанијата за истражување „IDC“.

Според „Worldwide Quarterly Mobile Phone Tracker“ на „IDC“, „Samsung“ продолжува да биде топ производител на паметни телефони во светот со 23,8% удел на пазарот. Во третиот квартал од 2015-та година компанијата продаде 84,5 милиони смартфони. Во истиот квартал од претходната година таа имаше 23,9% удел на пазарот и 79,6 милиони продадени примероци.

„Apple“ останува на втората позиција со удел од 13,5% на пазарот и продажба на 48 милиони уреди во третиот квартал од годината, во споредба со 11,8% удел на пазарот и 39,3 милиони продадени примероци, една година порано.

Растот на „Apple“ е резултат на силната продажба на „iPhone 6s“ и „iPhone 6s Plus“, што доведе до најголемиот трансфер на корисници на „Android“ кон „iOS“. Новите смартфони поставија рекорд од 13 милиони продадени примероци во првиот викенд по пуштањето на пазарот во септември.

gsmarena_001 (1)

„Huawei“ успеа да ја намали предноста на „Samsung“ и „Apple“ благодарение на силниот раст во Кина и Европа. Компанијата е трета на листата на „IDC“ – позиција која претходно и припаѓаше на нејзиниот кинески конкурент „Xiaomi“. Пазарниот удел на „Huawei“ достигна 7,5% во третиот квартал, а продадените примероци – 26,5 милиони.

„Lenovo“ и „Xiaomi“ исто така се најдоа во првата петорка, со речиси еднакви пазарни удели – 5,3% и 5,2%. „Lenovo“ има продадено 18,8 милиони смартфони во периодот, а Xiaomi 18,3 милиони уреди. Сите останати производители продале вкупно 159,1 милиони паметни телефони.

Вкупниот број продадени уреди во овој квартал достигна 355,2 милиони, што е за 6,8% повеќе во однос на 332,6 милиони примероци продадени во текот на истиот квартал од претходната година, што е второ највисоко ниво на продажба на паметни телефони за еден квартал во историјата. Растот се должи на новите клучни уреди како „iPhone 6s“, „Galaxy S6 Edge +“ и „Galaxy Note 5“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП