30 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 7 ќе биде потенок, долготраен и сосема различен телефон (видео)

iPhone 7 ќе биде потенок, долготраен и сосема различен телефон (видео)

tach iphone111111

Додека поголемиот број на корисници се уште се навикнуваат на новиот „iPhone 6s“, некои аналитичари веќе ги предвидуваат каратеристиките на седмата верзија на смартфонот на „Apple“.

Џене Мунстер од инвестициско-менаџерската компанија „Piper Jaffray“ тврди дека новиот „iPhone 7“ ќе има единствен дизајн, целосно различен од „iPhone 6“ и „6s“.

Тој верува дека промената би била условена од целосно отстранување на копчето „home“ кое би требало да се замени со поедноставен „3D Touch“.

„Како што многумина предвидуваат, „3D Touch“ на „Apple“ му овозможува елиминирање на главното копче со што ќе се добие дополнителен простор за екран и со тоа ќе се намали и самиот уред“, вели Мунстер кој додава дека вториот аспект од големите промени е продолжувањето на траењето на батеријата.

„Доколку го гледаме „Mac“, „Apple“ се потруди во последниве неколку години значително да го подобри траењето на батеријата – од пет на десет часа. Верувам дека батеријата е еден голем потенцијал на промена која потрошувачот со задоволство ќе ја прифати“, истакнува Мунстер.

Аналитичарот Минг-Чи Куо тврди дека „iPhone 7“ најверојатно ќе биде претставен дури по септември 2016-та година и дека со сигурност ќе биде досега најтенкиот смартфон на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП