2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Twitter скокнаа 57 отсто, цената на акцијата падна над 10...

Приходите на Twitter скокнаа 57 отсто, цената на акцијата падна над 10 отсто

tviterte

Иако приходите на компанијата Twitter во изминатото тромесечје скокнаа за 57,6 отсто, во однос на истиот период лани, на 569 милиони долари, цената на акцијата на оваа позната социјална мрежа падна над 10 отсто поради бавниот раст на бројот на корисници.

Според деловниот извештај, загубата на Twitter во претходното тромесечје е намалена на 131,7 милиони долари, додека во изминатиот период лани изнесуваше 175 милиони долари. Ова најмногу се должи на растот на приходите од огласување за 58 отсто во однос на истиот период лани, на 513 милиони долари.

И покрај силниот раст на приходите и намалување на загубите на социјалната мрежа, цената на акцијата на Twitter падна за над 10 отсто, како последица на слабиот раст на бројот на активни месечни корисници на социјалната мрежа.

Во изминатиот квартал Twitter имаше 320 милиони активни корисници, а во претходниот квартал 316 милиони, што е најбавен раст од јавната понуда на акциите на компанијата во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП