Компјутерите со големина на „flash“ меморија денеска се многу популарни, но на многу од нив им недостасуваат одредени карактеристики за да бидат вистински компјутери.
Иако големината е помала од хард диск, а не „flash“ меморија, „Kangaroo PC“ има се што го карактеризира секој вистински компјутер.
„Kangaroo“ e доволно мал за да се смести во џеб или чанта, а во себе има моќ на просечен компјутер.
Овој уред има неколку порти со чија помош може да се поврзе со монитор, тастатура, глувче и сите останати периферни уреди.
Кога станува збор за хардверот, „Kangaroo PC“ доаѓа со „Intel Cherry Trail“ (Atom Z8500) процесорот со такт на 2,24 GHz, 2 GB RAM меморија и 32 GB простор за чување податоци.
Меморијата може да се зголеми со мемориска картичка до 128 GB, a „Kangaroo“ доаѓа со оперативниот систем „Windows 10 Home Edition“.
Цената на овој преносен компјутер изнесува 99 долари.