12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗYamaha покажа спортски автомобил (фото)

Yamaha покажа спортски автомобил (фото)

ya sport car

Производителот на мотоцикли „Yamaha“ го претстави својот втор автомобил. Тоа е концепт кој се нарекува „SPORTS RIDE“ и се појави пред публика на отворањето на 44-иот автомобилски саем во Токио.

ya sport car1

За разлика од првиот автомобил на „Yamaha“ – „MOTIV.e“, новото возило претставува спортска машина инспирирана од светот на моторите. Тој има две седишта и компактни димензии – должина од 3.900 мм, ширина од 1.720 мм и висина од 1.170 mm.

ya sport car2

Вкупната тежина е само 750 килограми, а тоа е постигнато благодарение на технологијата „iStream“, патентирана од познатиот британски конструктор Гордон Мареј, кој е меѓу креаторите на суперавтомобилот „McLaren F1“. Станува збор за шасија во која се употребени малку цевки и панели од карбон.

ya sport car3

Во моментов нема официјална информација за погонскиот систем на „Yamaha SPORTS RIDE“. Шпекулациите покажуваат дека, или станува збор за мотор од мотоцикл, или за хибриден агрегат. И во двата случаи се тврди дека бензинскиот мотор е 1,0-литарски со три цилиндри и моќност од околу 80 КС.

Дали „SPORTS RIDE“ ќе се претвори во сериско возило или ќе остане концепт, како „Yamaha MOTIV.e“, прикажан во 2013-та година, останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП