28 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕУбави и опасни?!

Убави и опасни?!

Mikin-mini-nail-polish-swat

Лакираните нокти изгледаат многу убаво, но хемикалиите кои се наоѓаат во овие мали шишенца можат да бидат многу опасни, предупредуваат експертите.

Да, сите знеме дека во лаковите за нокти се наоѓаат хемикалии, но сметаме дека тоа не е толку опасно за нашето здравје – се залажуваме велејќи си дека не ги пиеме, само ги мачкаме ноктите со нив. Меѓутоа, студиите покажуваат дека секој пат кога ги средуваме ноктите, апсорбираме најмалку една штетна хемикалија.

Иако сеуште е непознато како точно супстанците од лакот за нокти влијаат на нашето здравје, факт е дека нашето тело ги апсорбира.

Најопасната супстанца, според мислењето на експертите е трифенил фосфат, кој се додава со цел лаковите да бидат помалку запаливи, но и полесно да се залепат на ноктот. Трифенил фосфат, тврдат научниците, се наоѓа на листата со состојки во 49 проценти од 3.000 анализирани лакови.

Доказ дека нашето тело ги апсорбира овие штетни материи е тоа што траги од трифенил фосфат се најдени во мајчиното млеко, велат истражувачите.

Истражување од 2002 година покажало дека оваа супстанца не предизвикува иритација на кожата и очите, па поради тоа се смета дека не му нанесува голема опасност на човековото здравје.

Сепак, новите студии покажаа дека трифенил фосфат може да ја попречи работата на хормоните, поради што се спроведуваат понатамошни истражувања, со цел да се испитаат сите ефекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП