2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави новиот Honor 5X (фото)

Huawei го претстави новиот Honor 5X (фото)

5x honor

Најбрзо растечкиот производител на паметни телефони – кинескиот „Huawei“, го претстави новиот модел „Honor 5X“.

Уредот се одликува со технички карактеристики својствени за моделите од средната класа, но е со далеку пониска цена. Куќиштето на смартфонот е метално, а екранот е 5.5-инчен со резолуција од 1.080 пиксели.

5x honor1

Процесорот е 64-битен осумјадрен „Snapdragon 616“ со фреквенција од 1.2 GHz.

Овој смартфон ќе се нуди во две варијанти – со 2 и со 3 GB RAM меморија. На грбот се наоѓа сензор за отпечатоци, како и 13-мегапикселна камера со двоен „LED“ блиц. Предната камера е 5 мегапикселна.

5x honor2

Батеријата е со капацитет од 3.000mAh и со можност за полнење „Quick Charge 3.0“, што му овозможува да се наполни до 50% за 30 минути.

Уредот со 2GB RAM меморија ќе се нуди по цена од 157 долари, додека верзијата со 3 GB ќе се продава за 220 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП