27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо подем електронското банкарство

Во подем електронското банкарство

klik

Бројот на корисници на електронско банкарство во Македонија расте со двоцифрена стапка годишно, но најголем дел од македонските граѓани и компании што ја користат оваа услуга, тоа го прават само за следење на промените на состојбата на нивните сметки преку Интернет.

Се уште само мал дел ги користат услугите на електронското банкарство, за плаќање на режиските трошоци за вода, струја, парно. Најголем дел од корпоративните клиенти електронското банкарство го користат за извршување на плаќањата во домашниот и во меѓународниот платен промет. Постарите и натаму претпочитаат да чекаат во ред во банка.

Заштедата на време и на пари се најглавните придобивки од оваа услуга

Плаќањето преку електронските системи на банките, наместо класичното одење на шалтер, не е скапо, ниту, пак, има некакви континуирани трошоци. Единствениот трошок што на почетокот го има секој граѓанин кој сака да плаќа електронски е еднократен, за обезбедување токен, чии цени се движат различно кај секоја банка. Банките нудат се повеќе услуги кои граѓаните и компаниите можат да ги завршат од својот компјутер. Им овозможуваат на корисниците пристап до сметките и плаќања во кое било време, независно од нивното работно време. Од друга страна зголемената употреба на паметните мобилни телефони ги натера банките да почнат да размислуваат во правец на нудење услуги за мобилно банкарство. Овој тип банкарство се повеќе се употребува, а на корисниците им овозможува олеснет пристап до банкарските услуги во секое време.

Про Кредит лидер во новините

Од летово македонските бизнисмени  банкарските трансакции  можат  да ги вршат на електронскиот систем  24/7. Системот кој во Македонија го имплементира Про Кредит банка овозможува подигање и внес на пари во било кое време. Банките ги доближуваат современите банкарски услуги  до корисниците. Во таканаречените 24/7  зони, физичките и правни лица можат да направат повеќе трансакции. Снежана Спасова, сопственик  на аптеки  почна да го користи електронското  банкарство пред неколку месеци.Таа има неколку аптеки  вели  предноста е голема , се олеснува работата. Бизнисмените  не се врзани за работно време на банката, дневниот пазар не се чува дома, а и трошоците  се намалуваат.

24 часовната уплата и исплата на денари и евра во некои од банките  е предност  за бизнисот. Ако шалтерите ги врзуваа клиентите со работното време, отсега тоа нема да претставува пречка, велат банкарите. Речиси 50 проценти од трансакциите се насочени кон банкоматите , во некои зони и до 70. Во Скопје има 9  и 11 зони  во внатрешноста. Современото банкарство од Европа се пренесува и во земјава.

Активностите на банките во Македонија поинтензивно се насочуваат  кон развој на нови електронски канали  кои овозможуваат достапност на банкарските продукти и услуги  на  поедноставен и  брз пристап. Новините го зголемуваат и квалитетот на услугите.

Според  банкарската фела се уште клиентите во голема мера ги користат традиционалните канали  –  експозитурите. Она  што  сега е новост наскоро ќе стане тренд во банкарската индустрија, велат банкарите.  За работата со готовина во Европските земји најчесто се  користат автомати. 47 проценти од плаќањата во Германија се преку електронско банкарство, а секој втор Германец работи преку електронското банакарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП