2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSeavus Едукативниот и Развоен Центар одбележа пет години успешна работа

Seavus Едукативниот и Развоен Центар одбележа пет години успешна работа

pet godini seavus 00

Во присуство на голем број дипломирани и нови студенти, бизнис соработници, медиуми, координатори, тренери, партнери и поддржувачи на Академиите и Бизнис симулаторот, Seavus Едукативниот и Развоен Центар (SEDC) во вторник вечер одбележа пет години од своето успешно работење.

pet godini seavus 01

Сосемa очекувано за SEDC, вечерта помина во одлична атмосфера, супер забава и многу изненадувања за гостите. Покрај одбележување на петтиот роденден, на настанот се доделија дипломите за завршени студии на студентите од генерацијата 2014/2015, се прогласија најдобрите студенти од секоја академија, а воедно се прослави и почетокот на новата академска година.

pet godini seavus 02

Во текот на овие пет години, Seavus Едукативниот и Развоен Центар внесе вистинско освежување на пазарот на специјализирани ИТ и бизнис обуки, при тоа приближувајќи го своето работење до светските стандарди и трендови.

pet godini seavus 03

Денес, Академиите на SEDC се синоним за врвен и препознатлив производ, поради примената на модерна методологија која вклучува напредни форми на учење, интерактивна настава и практична работа на реални проекти реализирани во партнерство со водечки домашни компании.

pet godini seavus 04

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП