Honda ја претстави сериската верзија на својот втор автомобил на водород, кој за разлика од првиот ќе се нуди глобално. Новиот „CLARITY FUEL CELL“ ќе се појави на пазарот во Јапонија за неколку месеци, а ќе биде достапен на избраните европски пазари подоцна во 2016-та година, објавија од јапонската компанија при отворањето на автосаемот – Токио 2015.
Водородниот автомобил претставува седан со димензии – 4895 мм должина, 1875 мм ширина и 1475 мм висина, во кој можат да се сместат удобно пет лица, покажуваат информациите од „Honda“.
Конструкцијата на „CLARITY FUEL CELL“ е создадена така што погонскиот систем да одзема од местото во кабината. Резервоарот за водород и батериите се наоѓаат пониско во шасијата, додека во предниот дел е поставен електричен мотор. Моделот се напојува со енергија од горивни ќелии во кои се одвива хемиската реакција меѓу кислород и водород. Единствениот отпаден производ е чиста вода.
Од „Honda“ посочуваат дека погонскиот агрегат има слични димензии со бензински „V6“ мотор, а батеријата е за 33% покомпактна од таа што беше употребена кај првиот „FCX Clarity“.
Зборувајќи за моторот на „Honda – CLARITY FUEL CELL“, тој развива моќност од 177 КС. Со целосно наполнет резервоар со водород возилото може да помине 700 километри. Самото полнење трае само 3 мин.
Што се однесува до дизајнот, тој е футуристички – вообичаен за ваков тип возила. Проследен е стилот од првиот водороден автомобил на „Honda“, како и аеродинамичната клинеста форма, но во целина новиот „CLARITY FUEL CELL“ изгледа доста модерно. Но и конвенционално од основниот конкурент на пазарот – водородниот „Toyota Mirai“.
Во кабината на „Honda – CLARITY FUEL CELL“ е во прашање микс од напредна технологија и класичен луксуз. Инструментите се дигитални, а на централната конзола се наоѓа голем екран на инфо-забавниот систем.
Сите детали за новата „Honda – CLARITY FUEL CELL“, вклучувајќи ги и цените ќе станат појасни во наредните месеци.