7 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 28.10.2015

Дневен хороскоп 28.10.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Имате можност да го поправите односот со некој Рак, Бик или Риби. Не би требало премногу да се оградувате од некој Јарец или Шкорпија кои се подготвени да се сретнат со вас во некое поголемо друштво. Ќе добиете прилика да се договорите со некоја Риба во врска со некоја работа во странство.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не би требало премногу опуштено да се поставувате кон оние кои со нешто ве задолжиле. Тоа особено се однесува на некои ваши блиски лица, соработници и оние кои добро ги знаат вашите вредности. Не се согласувајте со нешто што на вас лично од некои причини не ви одговара и ако се сомневате дали сте во право. Покажете го подобриот дел од својата природа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Се чувствувате притиснати од сите страни. Сакате да му излезете во пресрет на некој Бик, Јарец или Шкорпија а многумина ве набедуваат да го смените мислењето и да се завртите кон оние кои имаат подобра концепција во врска со работата на подолго време. Разрешете го прашањето за пари и долгови. Ќе добиете прилика да се смирите со некој.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Се чувствувате заштитени од страна на еден Јарец или Бик кои се свесни за вашите квалитети и кои ќе бидат во состојба да ви го дадат вистинкиот совет, можеби во врска со изборот на вистинкси лица. Сакате да започнете нова работа која би можела да ви се исплати на долг рок. Имате поддршка од еден Стрелец кој прави со вас големи планови, а вие не го знаете тоа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Вашите напори никој не ги гледа без оглед колку се труудите да покажете дека сакате да придонесете во компанијата во која работите. Имате впечаток дека некој постојано ви подметнува неточни информации или на некој друг начин манипулира со вас. Чувајте се подалеку од „искрените пријатели“, особено од некој воден знак.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Подготвени сте за отстапки доколку во тоа здогледате некој ваш интерес. Многумина се обидуваат да ви ја наметнат нивната волја, а вие прилично добро ги читате нивните намери. На некој Јарец на кој му е потребен вашиот совет, најверојатно му се потребни и вашите пари.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Позицијата на Месечината делува во текот на денот иритирачки на вас, но сепак ќе бидете доволно паметни да му попуштите на некој Бик или Риби со цел вашата соработка нормално да продолжи. Вашите идеи ги подржуваат многумина, но блиските соработници ќе се обидат да делуваат на вас за да го промените планот.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сметате на поддршка од огнените знаци кои добро знаат колку работите и колку сте подготвени да вложите напор со цел ситуацијата да се одвива онака како што ви одговара на вас и целиот тим на соработници. Покажете ја племенитата страна на вашиот карактер кога станува збор за оние кои не ги познавате добро.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се чувствувате притиснати од сите страни кога станува збор за обврските и веројатно ќе сакате што побргу да ги решите бидејќи веќе долг период давате големи напори. Инвестирајте во себе, подобрете го вашето знаење, усовршете се за нешто.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Имате за што да размислувате и со кој да работите но немате доволно елан и како да чекате некаков поттик од некој кој е поискусен или повозрасен. Сакате да имате личност на која можете да се потпрете во секој поглед. Побарајте некој Стрелец, Овен или Близнаци, тие ќе ви помогнат.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Вашите напори да издржите во работата ве исцрпуваат, а не ви ги носат потребните резултати. Очекувавте многу повеќе од некој на кого искрено сметавте во последниот период, но изгледа таа личност ви го завртела грбот. Се трудите ништо да не ве изненади, барем кога станува збор за финансиите. Верувате во можноста за продолжување на соработката со Бил или Лав.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Се обидувате да ги решите проблемите кои ви се приоритетни и со кои не можете така лесно да излезете на крај, трудете се да бидете во прв план во друштвото во кое не се снаоѓате баш најдобро. Верувате дека можете да се договорите со некој Бик или Девица за некои многу важни прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП