4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple со нова рекордна добивка

Apple со нова рекордна добивка

apple pro 003

Американскиот технолошки концерн „Apple Inc.“ продолжува со рекордните квартални резултати.

За четвртото тримесечје од фискалната година на компанијата, што заврши на 26-ти септември, нето добивката на компанијата забележа раст од 31 процент или 11,1 милијарди долари, односно 1,96 долари по акција, додека приходите се зголемени за 22 отсто на 51,5 милијарди долари.

Компанијата има достапни 205,7 милијарди долари во „кеш“ кон крајот на кварталот.

Бруто маржа, клучна мерка за профитабилност, расте до 39,9%.

Успехот на „Apple“ сепак во голема мера зависи од продажбата на „iPhone“. И покрај широкото забавување на глобалниот пазар на смартфони, компанијата има продадено 48 милиони мобилни телефон во последниот квартал или за 22 отсто повеќе во споредба со една година претходно.

Уредот генерира продажба од 32,20 милијарди долари, што го прави овој бизнис поголем од вкупниот квартален бизнис на „Microsoft Corp.“ (21,7 милијарди долари) и „Facebook Inc.“ (4 милијарди долари).

Претставени на 25-ти септември, најновите модели – „iPhone 6S“ и „6S Plus“, се со подобрена камера, побрз процесор и подобар екран на допир.

За целата фискална 2015-та година „Apple“ објави општи приходи од продажбата од 233,7 милијарди долари. Нето добивката ќе се зголеми за 35% или до 53,4 милијарди долари за целата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП