12 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗПоранешниот шеф на Opel ќе го спасува Volkswagen

Поранешниот шеф на Opel ќе го спасува Volkswagen

Thomas Sedran, Vice CEO of German carmaker Opel thumbs up during an open day in Ruesselsheim September 22, 2012.  Opel, founded in 1862, celebrates their 150th anniversary at their headquarters in Ruesselsheim.     REUTERS/Ralph Orlowski (GERMANY - Tags: TRANSPORT BUSINESS INDUSTRIAL) - RTR389UM

Германскиот концерн „Volkswagen AG“ соопшти две важни имиња, кои се директно поврзани со „Дизелгејт“. Едното е новиот шеф на одделот за стратешки развој, а другото на виновникот за дизел скандалот.

Новиот шеф на одделот за стратешки развој на „Volkswagen AG“ е Томас Седрах, поранешен шеф на „Opel“. 51-годишниот менаџер ќе ја преземе функцијата од 1-ви ноември, кое пристигнува во извештајот директно од претседателот на Управниот одбор на концернот Матијас Милер, се вели во официјалното соопштение на производителот од Волфсбург.

Седрах е поранешен фудбалер, а од јули 2012-та до февруари 2013-та година беше на чело на „Opel“. Неколку месеци потоа тој беше назначен за шеф на марките „Chevrolet“ и „Cadillac“ на европската поделба на „General Motors“. А откако стана јасно дека американскиот производител се повлекува од Европа, топ менаџерот гп напушти концернот.

Што се однесува до виновникот за скандалот со манипулациите на резултатите на дизел моторите, тоа е шеф на одделот за развој на енергетските агрегати Хано Јелден, објавена од концернот. Во 2007-ма година тој лично го има наместено софтверот на моторите, за да можат тие да излажат на тестовите за штетни гасови, се вели во информацијата.

Јелден работи за концернот веќе 22 години, а е задолжен за електрониката кај моторите и менувачите, а исто така и за системите кои ја контролираат.

Самиот инженер негира дека има учество во скандалот, но тој веќе е отпуштен од функцијата, а германската обвинителство започна истрага против него. Заедно со Јелдан се ослободени уште над 10 врвни менаџери, како и голем број одговорни инженери, кои исто така беа вклучени во развој на проблематичните мотори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП